Жената што го држеше Гинисовиот рекорд за најдолги нокти во светот (733cm и 55mm) Ајана Вилијамс, откако успеа да го скрши сопствениот рекорд од 2017-тата година, одлучи да се откаже од ноктите и ги исече по речиси 30 години растење.
Како што стои на официјалната веб-страна на Гинисовите Светски рекорди, изминатиот викенд во дерматолошка ординација на Ајана ѝ биле отсечени ноктите.
Инаку, оваа жена од Хјустон (САД) успеала да го надмине сопствениот рекорд за најдолги нокти на раце (кај жена), кој во 2017-та бил потврден на 576cm и 4mm, а го надминала со новата должина од 733cm и 55mm.
Таа ги растела ноктите од почетокот на 90-тите години на минатиот век, а речиси 30 години подоцна, одлучи да се збогува од бизарниот детаљ на нејзиното тело:
„Ги чував ноктите со децении. Сепак, подготвена сум за нов живот. Знам дека ќе ми недостасуваат, но дојде време – дојде време да се простам од нив“, рече таа.
Ајана ги расте ноктите цели 28 години, а овој „детаљ“ стана клучен дел од неа како личност. Таа вели дека уште како дете многу сакала долги нокти и маникир, па раскажува дека барала мајка ѝ да измери колку и пораснале ноктите и да ѝ ги обои со лак за нокти.
За маникир на Ајана ѝ биле потребни околу 3 до 4 шишенца лак за нокти, а за средување трошела и по неколку денови. Како што вели самата, веќе станало тешко да ги извршува секојдневните активности, како миење садови или менување постелнина.
„Морав да бидам мошне внимателна во движењето. Па, така во мојата глава се подготвував за следниот чекор што треба да го направам без да се повредам со сопствените нокти – или да ги скршам. Возбудена сум да ги исечам ноктите, затоа што се радувам на новите почетоци“, изјавува таа.
Пред конечно да ги исече ноктите Ајана сподели дека досега имало најразлични реакции од другите кога ќе ги виделе нејзините нокти, но најголемиот дел од нив биле позитивни – особено од децата.
Нејзините нокти сега ќе бидат зачувани и ќе бидат изложени во Музејот на Рипли „Верувале или не“ во Орландо, Флорида.
Таа вели дека планира во иднина повторно да ги израсне ноктите, но не во таа должина.
Во продолежние може да го погледнете бизарното видео од процесот на сечење на ноктите:
Иако со последното мерење Ајана го скрши сопствениот рекорд, сепак рекордот за најдолгите нокти на раце (кај жени) на сите времиња го задржува Ли Редмонд (САД) која започнала да ги расте ноктите во 1979 та година и ги средувала сè додека не стасале целосна должина од 8.65 метри, но ги скратила во 2009-та.