во

Жената била со својот љубовник, кога наеднаш мажот порано се вратил од работа….

Жената била со својот љубовник, кога наеднаш мажот порано се вратил од работа. Таа брзо го напикала љубовникот во фрижидерот.

Мажот влегува во кујната, го отвора фрижидерот и…

– Кој си ти?

– Васил.

– Што правиш тука?

– Јадам чајна.

Следниот ден мажот оди на работа и им расправа на колегите за случката со крадецот на чајна во фрижидерот.

Сите му рекле:

– А бе ти си голем идиот. Тоа бил љубовникот на жена ти.

Мажот се изнервирал и пак се вратил порано дома. Отишол веднаш во кујната, го отворил фрижидерот, а внатре стои друг маж.

– Кој си ти?

– Па… Иван.

– Слушај ваму Иване, кажи му на Васил дека ако го видам уште еднаш ќе го искршам од ќотек!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што ти е, што се смееш?

Која големина носи? – прашува продавачот…