Еден тип многу ја мразел мачката на жена му и решил кога таа ќе отиде на работа да ја однесе 5-6 километри од дома надевајќи се оти мачката нема да се врти. Ама кога си дошол дома мачката веќе била дома.
Другиот ден ја однел уште подалеку, ама кога се вратил дома мачката си се печела на сонце пред скалите.
Третиот ден ја однел 20 километри подалеку, преку мостот па налево, па десно, па преку друг мост, па десно па лево пак лево и веќе незнаел каде е.
Се јавил на жена му и ја прашал:
– Си дојде ли твојот миленик, мачорот багабонтот? Да, тука е, ми преде во скутот! – рекла жената.
– Дај ми го на телефон, да ми даде инструкции како да си дојдам дома!