Дури и оние кои не гледале Симпсонови од прилика знаат како изгледа нивниот дом, работното место на Хомер, барот и слично, затоа што оваа анимирана серија веќе три децении е во нашите животи. Но да бидеме искрени веќе е време Хомер и Марџ малку да преуредат. Тим дизајнери во HomeAdvisor решија да му ја дадат оваа задача на ексцентричниот режисер Вес Андерсон. Тие замислија шест класични локации од култната анимирана ТВ-емисија во уникатниот и чуден визуелен стил на Вес Андерсон и ги оживеаја.
Шесте препознатливи простори од популарната ТВ-емисија ја вклучуваа дневната соба на Симпсонови, кујната на Симпсонови, спалната соба на Лиза, барот на Мо, секторот 7-Г на нуклеарната централа Спрингфилд и канцеларијата на г. Барнс.