Факт е дека сè помалку се грижиме за нашата околина. Проблемот е што речиси никогаш не помислуваме на ова, па неретко луѓето не се ни свесни за штетата што ја предизвикуваат.
Не залудно рекле дека имаме само една планета и мораме да промениме многу навики ако сакаме да ја зачуваме, но треба да сме свесни за сите случувања околу нас во животот.
Во продолжение погледнете со кои работи најмногу штетиме и што докажува дека недоволно се грижиме за светот околу нас:
Луѓето имаат преголемо влијание врз околината
Проблемот со отпадот кој не се разградува станува сè посериозен. Пластичните кеси и шишиња не се разградуваат со децении, но тоа многумина не спречува да фрлаат стотици тони пластика секоја година.
Ги злоупотребуваме животните
И покрај тоа што денес има вештачко или лажно крзно, луѓето сè уште убиваат животни само за мода.
Несовесните фабрики со несоодветна заштита и автомобилите го загадуваат воздухот
Загадувањето на воздухот не ни е непознат проблем, автомобилите и индустријата се најголемите виновници за загадувањето на воздухот, а според СЗО, штетните издувни гасови можат да се поврзат со секакви белодробни заболувања, вклучувајќи и рак на белите дробови.
Колку време ќе ни треба за да почнеме да бидеме еко-свесни и сите да се преориентираат на велосипеди наместо автомобили за секое излегување од дома?
Нашата алчност стигна и до длабочината на океаните
Поради новите технологии за риболов, се експлоатира сè голема површина од длабочината на морињата и океаните.
Истовремено, во океаните завршува секаков отпад – од пластика до нафта, што дополнително го оштетува еко-системот.
Една фотографија ја сумира нееднаквоста во светот
Иако е 21-ви век и за многумина има храна во изобилство, во светот сè уште постојат луѓе кои гладуваат и живеат во екстремна сиромаштија.
Според некои пресметки, се претпоставува дека околу 150 милиони луѓе ширум светот се бездомници, а ова воопшто не е мал број.
„Консумеризмот“ ни стана религија
Една анкета спроведена во Европа и Азија покажала дека сите купуваме многу повеќе облека отколку што ни е потребно, а со тоа се зголемува и побарувачката за материјали.
Проблемот е што за изработка на овие материјали, како памук, се користат многу ресурси, а ова има лошо влијание врз околината.
Всушност, сите претеруваме со купување секакви работи, кои воопшто не ни се потребни.
„Залепени“ сме за екраните
Можеби воопшто не забележуваме, но минуваме премногу време пред компјутер или телевизор. Едно истражување покажало дека во просек, луѓето гледаат 1.248 часа телевизија годишно. Сега помислете што сè друго (и корисно) би можеле да направите во тие 1.248 часа, кои за време на пандемијата сигурно се зголемија на многу повеќе.
Социјалните мрежи ни ја рушат самодовербата
Социјалните мрежи ги користиме уште почесто од телевизорите – во просек, минуваме околу 55.000 часа годишно „скролајќи“ на Instagram, Facebook и слично.
Проблемот е што додека го правиме тоа, постојано се споредуваме и си наметнуваме невозможни и нереални стандарди за тоа како треба да изгледаме.
Поислете колку паметни работи можевте да изгледате и прочитате во овој период додека бевте дома, наместо скролањето и гледањето фотки од други.
Потребни ни се речиси две планети за да ги задоволиме нашите сегашни потреби
Планетата има ограничени ресурси, на кои им треба време да се обноват, но ние воопшто не ги распределуваме правилно.
На пример, во 2019-та сме ги искористиле сите ресурси за таа година уште во јули. Ова значи дека за да се задоволат нашите сегашни потреби, ќе ни требаат речиси две планети.
Сè повеќе животни ги губат своите домови
Кога ја уништуваме околината, ги уништуваме и домовите на животните. Поради глобалното затоплување, вечниот мраз на половите се топи, па многу поларни мечки остануваат без дом и храна.
Ова се случува ширум целиот свет, а страдаат огромен број животни.
Кои се добрите вести во целава ситуација и што можете да преземете вие?
– Добрите вести се тоа што научниците наоѓаат нови начини да го искористат пластичниот отпад, но и луѓето почнуваат да внимаваат колку пластика користат и фрлаат.
– Во изминативе 20 години, многу модни куќи ја забранија употребата на природно крзно, а сè повеќе луѓе одбиваат да го купуваат.
– Кога станува збор за загадувањето на воздухот, ќе придонесете многу ако почесто користите велосипед отколку автомобил.
– Ако имате облека што не ја носите, подобро подарете ја, продадете ја и слично, наместо да ја фрлате.
– Факт е дека нема да се откажеме од компјутерите и смартфоните, но добро е што можеме да ги користиме и продуктивно за да научиме нешто, да развиеме некоја вештина и слично.
– Социјалните мрежи почнуваат да се користат и за добри нешта – луѓето од целиот свет со заедничка цел или идеја, сега имаат можност да се обединат и да направат промена.
– Кога станува збор за ресурсите на Земјата, обидете се да заборавите на импулсивното купување. На овој начин ќе заштедите многу, нема да трупате непотребни предмети и ќе ѝ помогнете на планетата.