Време е за малку хумор! А зарем има подобри вицеви од оние кои се кратки и слатки? Одвојте само 5 минути и добро насмејте се на денешната доза хумор:
1. Од толку многу миење на рацете на дланките ми се појави таблицата множење од основно.
2. СТАРЛЕТА – суштество од современата македонска митологија, со тело на жена, а глава на кокошка.
3. Добар ден, ве молам кажете ми колку чини оваа справа за мачење?
– Господине, тоа е бурма.
4. Која е главната причина за развод?
– Бракот.
5. Овие мигрантите навистина ги преминаа веќе сите граници.
6. Што е тоа? Дење лае, ноќе плива?
– Вештачката вилица на свекрвата.
7. Врв на финансиска криза? Влегуваш во кинеска продавница и викаш: ништо не треба, само гледам.
8. Што ѝ фали на фотката на Инстаграм со 10 илјади лајкови?
– Облека.
9. Најупотребувано македонско CV?
– Ме испрати чичко Стојан.
10. Ми ѕвони еден извршител… Здраво Драгана, што сакаш да ти земам за роденден?
11. Внучко, добра ли е таа 5G мрежа?
– Зошто бабо?
Да ми купиш едно 5 метра да ги заградам кокошките.
12. Дечко и девојка на прв состанок. Девојката: не носам градник. Дечкото: и јас не носам паричник кога немам пари.
13. Жено, дај нешто за главата.
– Сакаш нож или јаже?
14. Плавуша: А што работите вие?
– Јас сум уличен продавач.
Аха, и колку чини една улица?
15. Ало, господине се јавувам од ДИК, дали вие имате право на глас?
– Момент само, да ја прашам жена ми!
16. Македонска компарација:
– Лош
– Полош
– Најлош
– Ист како татко му!
17. Која е разликата помеѓу студент и чистачка на факултет?
– Чистачката чисти сè во рок.
18. Германски паричник: Евра, евра, евра … Македонски паричник: Аналгин, Аспирин, Дијазепам …
19. Од кај си?
– Од Скопје!
Многу си убава!
– Ти се бендисвам?
20. Мамо, ти се јавувам да ти кажам дека сум во болница…
– Ама Горан престани, 8 години си веќе доктор.