во

Дали сте го сонувале вашиот претходен живот – Важни пораки кои соништата ги пренесуваат

Еве кои соништа откриваат нешто за вашиот претходен живот.

Соништата се одраз на нашиот потсвесен ум. На некои соништа се сеќаваме доста живописно, а некои се бришат од нашето сеќавање, иако сме свесни дека сме ги имале.

Без оглед на тоа какви соништа ви се јавуваат во текот на ноќта, бидете уверени дека тие на вас оставаат одреден белег и носат важни пораки. Спрема верувањата, некои соништа можат дури и да донесат сеќавања од претходниот живот.

Некои соништа исто така се однесуваат и на вашата иднина. Она што личноста навистина треба да го научи е како да ги разликува соништата за претходниот живот и идниот живот.

Еве кои соништа откриваат нешто за вашиот претходен живот:

Луѓе и места кои не се во моменталната временска скала
Кога сонувате луѓе од минатите епохи или ситуации од далечното минато кое не сте го проживеале, возмомжно е да добивате одредени откритија од вашиот претходен живот.

Изгледате и се однесувате поинаку во сонот
Ако некогаш видите сон во кој воопшто не се препознавате себеси, тоа значи дека вашиот сон е одраз на вашиот претходен живот. Свесни сте дека тоа сте вие, но се однесувате поинаку или вашето име е поинакво.

Исти соништа без промена
Соништата кои ја најавуваат иднината се најчесто поинакви, затоа што служат како вид на претскажување. Од друга страна, соништата за претходниот живот се често идентични – исти ситуации, идентични луѓе, исто минато време.

Нешто недостасува
Соништата често се одраз на нашите најдлабоки желби и посакувања. Можеби нешто ви недостига во вашиот сегашен живот што сте го имале во претходниот. Размилете за тоа се повеќе и повеќе се одразува во потсвесниот ум и презентира слика во нашите соништа.

„Дежа ву“
Можеме да сонувате одреден инцидент, а во животот никогаш да не се сеќаваме. Тоа може да биде ситуација која веќе сте ја проживеале во претходниот живот и нејзините црти ви останале во сеќавањето, но во потполност ги гледате преку соништата. Тоа се наречени „дежа ву“ соништа.

Се чувствувате постари во однос на вашите години
Има полно луѓе кои веруваат дека староста е само број и душата живее вечно. Од друга страна, постојат млади луѓе кои се чувствуваат постаро. Тоа би можело да биде резултат на многу акции и реинкарнации во вашиот претходен живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

31 Тотално луди начини како да препознаете кој познат сликар насликал одредено уметничко дело

12 Фотографии ги прикажуваат фрижидерите и нивните сопственици низ целиот свет