Џоли на еден свој пријател се доверила дека со Бред го имала најдобриот секс во животот и се плаши дека нема да доживее повторно нешто такво.
Анџелина Џоли изгледа како само една „обична“ мајка додека оди на пазарење со својата 12-годишна ќерка Вивиен во Лос Анџелес.
45-годишната актерка со влечки и маска на лицето изгледа сосема кежуал, но шик.
Инаку, извор близок до актерката вели дека таа едновремено го сака и мрази Бред Пит и дека токму затоа толку го измачува со процесот на развод.
Тие веќе долго време се борат на суд за старателството над нивните 6 деца. Од самиот старт на нивната 12-годишна врска имаа луда динаминка со вљубување на сет и оставање на Џенифер Анистон од страна на Бред Пит, а потоа и посвојување на синот Медокс на Џоли.
Двајцата се зависници од адреналин, кои сакаа од време навреме да отпатуваат некаде авантуристички и да минат ноќ под ѕвездите без нивните деца.
Нивната интензивна физичка привлечност се гледаше оддалеку, а Џоли на еден свој пријател се доверила дека со Бред го имала најдобриот секс во животот и се плаши дека нема да има повторно нешто такво во животот.
„Тој беше сѐ за неа и не беше само физичката поврзаност толку силна, тие имаа и неверојатна духовна поврзаност.“
Во една пригода на тема нивниот сексуален живот во 2012 година Бред изјави за Џоли: „Таа сѐ уште е лоша девојка, но тоа не е за во јавност.“
Извор близок до парот вели дека најголемиот дел од нивните кавги биле додека Бред го снимал филмот „Allied“ и парот живеел во Велика Британија.
Постојат сведочења како парот се карал во јавност, а во еден миг Бред дури ја влечел Џоли за рака.
„Кавгите помеѓу нив експлодираа поради тривијални работи. Со текот на времето кавгите стануваа пожестоки и им беше тешко да ги сокријат од децата. Џоли мислеше дека Бред живее ергенски живот, а пак тој се жалеше дека таа му приговара цело време.
Од начинот на кој да ги воспитуваат децата до политика и нивните распореди, тие се караа за сѐ“, вели изворот.
Џоли дури го напиша и филмот „By The Sea“ за маж кој пие многу и неговата депресивна жена, а потоа за медиумите храбро изјави: „Јас и Бред имаме проблеми. Има денови кога се излудуваме и сакаме простор еден од друг“.
Кога Џоли поднесе барање за развод во септември 2016 година по жестока кавга во авион, продуцентот на нивниот прв заеднички филм „Mr and Mrs Smith“ изјави дека бил изненаден што успеале да останат заедно толку долго.
„Фактот што тие стапија во врска не е изненадување со оглед на тоа што тие се можеби двајцата најубави луѓе на планетава, па привлечноста беше неизбежна. Џоли не е жена што можете да ја скротите и тоа му беше неодоливо на Бред“, изјави тој.
Иако Џоли прва поднесе барање за развод, изгледа дека токму таа е онаа што ја развлекува процедурата.