Трча Перо да го стигне градскиот автобус и успева да го „фати“ во последен момент и да се качи. Седнува задишан на едно од слободните седишта, а една згодна жена која седи на седиштето спроти неговото шеговито му вели:
Господине, знаете ли дека по жена и по автобус никогаш не се трча.
А Перо на тоа, уште задишан, одговара:
Се трча, додека да се качи човек.