Ги повикавме пријателите на скара во нашата викендичка. Ама зборавивме да купиме печурки, добро одат со скарата.
Да одиме повторно до продавница не се исплаќа оти е даеку едно 30 минути во еден правец.
Се сетив оти зад шупата видов поприлично многу печурки и и кажав на жена ми да ги стави на скарата.
Таа беше малку исплашена и праша да не се отровни. Сега ќе дознаеме реков. Го повикав нашето куче и тоа ги јадеше како лудо.
Потоа сите гости и ние јадевме и на сите ни беа многу вкусни. По едно два часа сосетката дојде и рече дека нашето куче лежи мртво во нејзиниот двор!
Брзо повикавме амбуланта и на сите ни ги испумпаа стомаците!
Потоа сосетката рече дека шоферот на камионот кој ни го згази кучето воопшто ниту не подзастанал!