Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот.
Оди човекот на барот, а роботот го прашува:
– Колкав е Вашиот IQ?
– 150 – рекол човекот.
Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.
Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.
Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.
Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.
Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:
– И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?