во

Ви давам шанса да отидете во Рајот. Ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан…

Американец, Буда и Итар Пејо одат во пеколот!

Ѓаволот им вели:

– Ви давам шанса да отидете во Рајот. Ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан, имате право да се браните со што сакате. Ако ги издржите трите удари без да вреснете – одите во рајот, ако не – останувате во пеколот!

Прв бил Американецот. Тој избрал да се брани со штит, но уште од првиот удар на ѓаволот тој вреснал и останал во пеколот. Следен бил Буда. Тој одлучил да се брани со медитација. Прв удар со чеканот – Буда не мрда, втор удар со чеканот – Буда пак не мрда, трет удар со чекан и ништо, сè си е во ред со Буда. Ѓаволот му рекол:

– Ајде Буда, слободен си. Може да одиш во рајот.

Но Буда рекол:

– Јас ќе почекам уште малку да видам како Итар Пејо ќе издржи, нели во сите вицови победува тој.

Така дошол редот и на Итар Пејо.

Ѓаволот го прашал:

– А бре Пејо, ти со што ќе се браниш од ударите на мојот чекан?

Пејо со насмевка одговорил:

– Како со што бе Ѓаволе? Па со Буда!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Господине, знаете ли дека по жена и по автобус никогаш не се трча…

Не можете ли да му најдете на маж ми некоја полесна работа?