Дали некогаш сте се запрашале што би се случило со нашата Земја кога апсолутно сите луѓе наеднаш ќе исчезнат? Какво сценарио ќе и се случи на нашата планета и во која насока би се развивал животот без човечко присуство.
Одговорот на тоа интересно прашање се обидел да го даде Тиктокерот со име “Learn Videos”, кој се потрудил и разработил неверојатно сценарио. Еве што би уследило според неговиот модел:
Неколку часа откако човештвото би исчезнало, светлата ширум светот би почнале да се гасат бидејќи повеќето електрани работат на фосилни горива. Секако, без луѓето не би имало ни кој да се грижи за нив и тие би престанале да работат.
Околу 48 часа откако би забележале пад во потрошувачката на енергија, нуклеарните електрани би се префрлиле во таканаречен “safety mode” или безбедносен начин на работа. Ветерниците би престанале да работат кога ќе снема лубрикант, а и соларните плочи би станале бескорисни поради наносот на прашина.
Речиси сите региони, освен оние споени на хидроелектрани, брзо би се нашле без извор на енергија. Понатаму, два или три дена откако ќе исчезнеме, повеќето подземни железници би биле поплавени бидејќи пумпите не можат да работат без наша интервенција.