Воодушевувачки фотографии направени во јапонскиот парк Нара, покажуваат како елените уживаат во спокојот под црешовите дрвја. Паркот е популарна дестинација за туристите, при што многу луѓе плаќаат да прават фотосесии под прекрасните розови цветови.
Но, со сегашната здравствена криза, Нара Парк во близина на Осака, заспа. Еленот Сика кој се шета низ паркот може да се види како седи околу дрвјата, без сомнение ека нешто се случува низ светот. Како што објавија од веб-страницата Japan Guide, има повеќе од илјада елени на големиот парк, при што грациозните животни се сметаат за „симбол на градот“, како и одредено природно богатство.
Кркерите за елени се продаваат низ целиот парк, а некои елени дури научиле да им се поклонуваат на посетителите како начин да побараат храна. Елените се сметаат за кротки, но посетителите се предупредуваат да не ги задеваат за да не предизвикаат агресивност.