Кој не би посакал ваква баба? Нејзината внука ќе го памети ова изненадување до крајот на животот.
Џули Кординер од Велика Британија е баба која направи прекрасен потег за својата внука и го воодушеви светот.
Таа сподели на Твитер фотографија од нејзината прекрасна внука во новогодишен џемпер, кој таа ѝ го исплела, откако видела дека внука ѝ го нацртала за домашна задача.
Малото девојче добило домашна задача да го нацрта својот празничен џемпер од соништата, а Џули ја изненадила со потегот што нејзиниот сон го претворила во реалност.
„Изразот на нејзиното лице кога го виде џемперот беше бесценет“, споделува Џули на Твитер.
Нејзиниот потег стана вирален хит:
My granddaughter had homework to design a Christmas jumper, so I decided to recreate it. Her expression when she opened it was priceless!
Happy Christmas everyone. pic.twitter.com/kzBO1ktsGK— Julie Cordiner (@Julie_Cordiner) December 25, 2020