во

Абе, магаре, кое е наjсилното животно во џунглава?

 

Се разбудил едно утро тигарот во џунглата и се чувствувал супер. Тргнал да се шета, видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал:

– Абе, магаре, кое е наjсилното животно во џунглава?

Магарето цело потресено:

– Па, ти си тигре, нормално.

Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил:

– Тигре, нема посилен од тебе!

Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и прашува:

– Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а?

Слонот го фаќа тигарот со сурлата околу вратот, го крева и треска двапати од земја, го витка како топка и го акнува од дрво.

Се созема тигарот, па коментира:

– Добро, бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добровечер учителке, таткото на еден ваш ученик е на телефон…

Тато, како можам да препознаам алкохоличар?